Фејсбук и Инстаграм моментално не можат да се вчитуваат од многу локации низ светот, вклучувајќи ја и нашата земја.
Многу корисници на Редит и мрежата Икс пријавуваат проблеми со пристапот до платформите на „Мета“. На Фејсбук се појавува порака: „Работиме на тоа да го решиме проблемот што е можно побрзо“.
На страницата „Даунадетектор“, на пример, се забележани повеќе од 70.000 извештаи за проблеми со Инстаграм, што укажува на пошироко распространет проблем. Исто така, пристигнале повеќе од 100.000 извештаи за исти проблеми со Фејсбук.
„Мета“ излезе со кратко соопштение: „Детектиравме проблеми во пристапот до нашите апликации кај одреден број корисници. Се извинуваме за непријатностите и работиме на тоа што побрзо да ги решиме проблемите“.
Последниот голем прекин којшто влијаеше врз Инстаграм и Фејсбук, „Мета“ го имаше во октомври 2022 година.