ФАКТОР: Семејството на Фросина бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката

Неколку барања испрати семејството на загинатата Фросина Кулакова од протестот попладнево по пресудата од 12 години за Васил Јованов, кој ја прегази на Партизанска на почетокот на годинава.

Бараат Апелација да пресуди максимална казна од 20 години за Јованов, да се поведе дисциплинска постапка за судијката што му пресуди 12 години затвор, да се даде одговор дали имало влијанија врз пресудата, се дел од барањата на семејството.
За таткото на Фросина, Тодор Кулаков, сомнителна е одлуката на Врховен да ја укине пресудата за Јованов од 3 години и 10 месеци за трговија со дрога и да ја врати пред Апелација.

„Очигледна е намерата со игра на датуми да се створи правна конфузија. Сега одбраната ќе бара на Апелација да му се намали казната“, рече Кулаков.

Тој и во судница реагираше изговарајќи ги зборовите „мафија“.