Европската унија „ќе плати висока цена“ за тоа што не купува доволно американски стоки, порача Трамп

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите на 5 ноември Европската Унија ќе треба да „плати висока цена“ поради тоа што не купува доволно американски стоки.

– Видете што ќе ви кажам: Европска Унија звучи прекрасно, нели? Сите убави мали европски држави собрани заедно, рече тој на митинг во Пенсилванија, најавувајќи дека ќе воведе „Закон Трамп за реципрочна трговија.“

– Тие не ги купуваат нашите автомобили. Не ги купуваат нашите земјоделски производи. Тие продаваат милиони автомобили во САД. Не, не, не, тие ќе мораат да платат висока цена, истакна Трамп.

Републиканскиот кандидат планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина.

Прочитајте и:  ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија

Ова би можело да предизвика глобални трговски реакции и зголемени трошоци, предупредуваат економистите.

- Реклама -