Европската Унија и Украина склучија прелиминарен договор за увоз на земјоделски производи.

Европската Унија и Украина постигнаа прелиминарен договор за трговија, кој се однесува на увозот на украински земјоделски производи, соопшти денес еврокомесарот за трговија, Марош Шефчович.

Во јуни 2022 година, ЕУ ги укина царините и квотите за украинските производи во земјоделството, како форма на поддршка за Киев поради воената инвазија од страна на Русија и блокадата на традиционалните извозни патишта преку Црното Море.

Мерките беа прекинати на почетокот на овој месец, откако поевтините украински жито, месо и шеќер предизвикаа протести во неколку соседни земји, особено во Полска.

Во моментов, ЕУ се држи до трговскиот договор со Украина што беше важечки пред војната, кој предвидува царини и квоти за увозот на земјоделски производи.

Брисел останува најзначаен трговски партнер на Украина, додека Украина е трет најголем добавувач на земјоделски производи за ЕУ, според податоците на Европската комисија.