Европската унија понижена и исмејана

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доживеала два значајни неуспеси во текот на еден месец, истакнувајќи дека Европската унија станала „мета на понижување и исмевање во светската политика“.

Според информациите од унгарската агенција МТИ, Сијарто се осврна на неодамнешната одлука на САД да ги покачат царините на европските производи — од 2,5 на 15 отсто, како и на, според неговите зборови, непријатно понижувачкиот прием што Фон дер Лајен го имала за време на нејзината посета на Кина, каде што била „дочекана како турист, а не како официјален претставник на ЕУ“.

Тој ги критикуваше лидерите од Западна Европа, кои некогаш остро ја критикуваа американскиот претседател Доналд Трамп и кинеските функционери, тврдејќи дека сега ја плаќаат цената за тие изјави.

Прочитајте и:  Арсенал доживеа пораз на домашен терен против Бурнемут

„Коментарите за Трамп сега донесуваат последици за Европската унија. Царините растат, а ЕУ е понижена“, рече Сијарто, осудувајќи ги и политичарите кои, според него, ги поткопуваат напорите за мир од страна на САД.

Сијарто нагласи дека, ако не беа пречките од Украина и западноевропските политичари, „решението за војната во Украина би било многу поблиску“. Тој исто така ги поздрави директните разговори помеѓу американскиот и рускиот претседател, посочувајќи дека „светот стана побезбедно место откако започна дијалогот“.

На крајот, тој изјави дека Унгарија ќе остане безбедна и стабилна сè додека владее „национална влада“, предупредувајќи дека доаѓањето на власт на владите блиски до Брисел би можело да ја загрози таа стабилност.