Европската организација на потрошувачи против видео-игрите во кои се плаќа со вистински пари

Во соопштението за медиумите, организацијата објави дека испратила предупредување до Европската комисија и Европската мрежа за потрошувачки власти (CPC-Network) информирајќи ги дека веруваат дека овие различни компании за игри „ги прекршуваат законите на ЕУ за заштита на потрошувачите“.

Понатаму, организацијата соопшти дека ги повикува властите „да се погрижат трговците да играат според правилата и да им обезбедат на потрошувачите безбедни средини за игри“.

Организацијата сподели дека открила оти:

  • Потрошувачите не можат да ја видат реалната цена на дигиталните артикли, што доведува до прекумерно трошење: недостатокот на транспарентност на цените на премиум валутите во играта и потребата за купување дополнителна валута во пакети ги тера потрошувачите да трошат повеќе. Купувањата во играта секогаш треба да се прикажуваат во вистински пари (на пр.: евра), или барем треба да ја прикажуваат еквивалентноста во валута од реалниот свет.
  • Тврдењата на компаниите дека гејмерите претпочитаат премиум валути во играта се погрешни: многу потрошувачи сметаат дека овој непотребен чекор е погрешен и претпочитаат да купуваат предмети директно со вистински пари.
  • На потрошувачите често им се ускратени правата кога користат премиум валути во играта, поврзани со нефер услови кои ги фаворизираат развивачите на игри.
  • Децата се уште поранливи на овие манипулативни тактики. Податоците покажуваат дека децата во Европа трошат во просек 39 евра месечно за купување работи во видео игрите. Иако тие се меѓу оние кои играат најмногу, тие имаат ограничена финансиска писменост и лесно се примамени од виртуелните валути.

„Онлајн светот носи нови предизвици за заштита на потрошувачите и не треба да биде место каде компаниите ги прекршуваат правилата за да го зголемат профитот. Членовите на организацијата на потрошувачи идентификуваа бројни случаи кога гејмерите се заведени да трошат пари. Регулаторите мора да дејствуваат, ставајќи до знаење дека иако светот на игрите е виртуелен, сепак треба да се придржува до правилата од реалниот свет“ изјави директорот на организацијата Аугустин Рејна.

„Гејмерите не треба да се потпираат на калкулатор секогаш кога сакаат да донесат информирана одлука за тоа колку сакаат да потрошат. Парите што ги трошат треба да бидат прикажани во вистински пари и измамничките практики мора да се прекинат“, продолжи тој.

Фото: TheGamer.com

„Денес, премиум валутите во играта намерно ги мамат. Компаниите се добро свесни за ранливоста на децата и користат трикови за да ги намамат помладите потрошувачи да трошат повеќе“, заклучи Рејна.

Прочитајте и:  Се враќаат ли мобилните видео игри? Ќе го предизвика ли Sony Nintendo?

Високиот правен службеник на организацијата, Стивен Бергер, исто така изјави во видеото поставено на X: „Не сте единствениот кој се збунува. Навистина, многу од гејмерските компании чии игри ги играте спроведуваат подмолни тактики за да ве натераат да трошите повеќе и повеќе во видео игрите“.

„Една од нив е употребата на премиум валути во играта. Значи, тие се валути за игри, но мора да платите со вистински пари“, рече тој.

Тој додаде: „Како во вистинска продавница, не треба да се потпирате на калкулатор секогаш кога сакате да купите нешто во видео игра. Затоа, денес Европската организација на потрошувачи и националните членови поднесуваат жалба до националните власти и до Европската комисија да ги прекинат погрешните практики во однос на валутите во играта“.

„Властите ќе можат да започнат координирана акција против компаниите за игри што ги таргетираме во предупредувањата“, продолжи тој. „Идејата е да се осигураме дека можеме да уживаме во побезбедна средина кога играме видео игри и поголема транспарентност за купувања во играта“.

Организацијата истакна дека сака CPC-Network „да започне координирано спроведување и да објави заеднички став“. Исто така, бара „компаниите за видео игри да престанат со овие нефер комерцијални практики“.

Понатаму, организацијата повикува на целосна транспарентност од трговците. Виртуелните ставки секогаш треба да ги прикажуваат цените во вистинска валута, а не во виртуелни валути во играта. Потрошувачите треба да ги имаат истите права на интернет како и во реалниот свет, вклучително и правото на повлекување и правни гаранции.

Во подетален извештај, организацијата јасно стави до знаење дека Европската комисија треба да ја разгледа можноста за забрана на употребата на премиум валути во играта и во апликацијата. Доколку тоа не може да биде спроведено, тие бараат ЕК да разгледа можност за забрана на премиум валути во игрите за деца под 18 години.

Организациајта, исто така, сугерира дека „Законот за потрошувачи на ЕУ треба да се измени за да се воведе обврска за деактивирање на механизмите за плаќање на игри „по дифолт“, вклучувајќи ги и премиум валутите. Треба да има избор за потрошувачите да ги активираат купувањата во играта („опт-ин“).“

Друг предлог е дека секоја транскација да треба да биде потврдена.

- Реклама -