Европската комисија испрати јасно предупредување до Србија поврзано со куповината на ракетни системи од Кина. Нагласија дека ваквите воени договори можат да создадат проблеми за земја која има статус на кандидат за членство во Европската унија. Според претставниците на комисијата, државите што се стремат кон интеграција во ЕУ се задолжени да ја усогласуваат својата безбедносна и одбранбена политика со стандардите на заедницата…




