Европа е решена да преземе активна улога во гарантирањето на безбедноста на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по вонредниот состанок што се одржа вчера во Париз.
„Европа има и капацитет и волја да се ангажира и да ја преземе водечката улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина“, нагласи Руте преку објава на социјалните мрежи. Според него, ова е суштинскиот заклучок од средбата организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.
Освен тоа, Руте ја потенцираше потребата од конкретизирање на одредени аспекти, но истакна дека посветеноста кон ова прашање е несомнена.Европските лидери се подготвени да вложат дополнителни напори и ресурси во зајакнување на безбедносната ситуација, со што би се обезбедила поголема стабилност во регионот.




