Пожар на Јужен булевар во Кисела Вода
Во магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската општина Кисела Вода, избувна пожар.
На лице место се екипи од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, кои веќе работат на гаснење на огнената стихија, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Од запалениот објект се слушале пукотници, најверојатно предизвикани од електричната инсталација, а густ црн чад се забележува од поголема далечина, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.




