Сончево со променлива облачност; попладне можни локални поројни дождови и грмежи
Во понеделник (6 јули) низ земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне се очекува изолирана нестабилност со краткотрајни поројни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 23 и 34 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.
До крајот на работната недела и на почетокот на викендот, претпладне ќе има променлива облачност со сончеви периоди, а попладне повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, најизразено во вторник (7 јули). Дневните температури ќе бидат во пораст.




