Наслов: Утре претежно сончево, попладне можни локални поројни дождови и грмежи
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови постојат услови за локален пороен дожд проследен со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер: во западните краишта претежно од западен правец, а по должината на Повардарието од југоисток.
И во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, на поединечни локации во котлината, можно е појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ветерот во Скопје ќе биде слаб до умерен, од југоисточен правец.




