Нестабилно време со дожд до крајот на неделата
Од среда попладне се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат поинтензивни во петок, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Од четврток, локално ќе има услови за појава на изолирани грмежи.
До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени правецот кон север.




