Утре сончево и жешко, попладне можни локални поројни дождови и грмежи
Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови, на поединечни места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.




