Сончево со можни попладневни врнежи
Времето утре (29 април) ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб променлив ветер.




