Продолжува нестабилното време со дожд и силен ветер
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира дека во недела ќе продолжи периодот на променливо облачно и нестабилно време.
Наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен ветер, кој локално може да ја надмине брзината од околу 60 км/ч.




