Нестабилно време со повремен дожд; на југоисток можни грмежи

Денеска ќе преовладува променлива облачност со краткотрајни, локални врнежи од дожд. Во југоисточните делови има услови за изолирани грмежи, според прогнозата на УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне, во поедини делови од котлината, можно е појава на повремен дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Од утре следува период со променливо облачно време и повремени врнежи. Наместа ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поизразени атмосферски процеси: пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе бидат во пораст, додека дневните до сабота ќе се задржат пониски.

Прочитајте и:  Додик: Очекуваме Путин да присуствува на осветувањето на руско-српската катедрала