Наслов: Жешко и сончево денеска, утре нестабилно, од понеделник повторно мирно време
Денеска ќе преовладува сончево време со мала, локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, променлив ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Температурите ќе бидат многу високи. Најжешко се очекува во Велес, Демир Капија и Гевгелија – околу 38 °C. Во Струмица максимумот ќе биде околу 37 °C, а во Скопје до 36 °C. Маврово ќе биде најсвежо со околу 28 °C.
Утре следува позначајна промена: иако ќе остане жешко, на повеќе места ќе има појава на локални невремиња со пороен дожд и грмежи.
Од понеделник повторно се очекува стабилизација на времето, со умерена облачност и високи дневни температури.




