Сончево и многу топло, со можни попладневни нестабилности
Денеска нè очекува претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Попладне, особено во планинските предели, можно е краткотрајно нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната недела времето ќе остане сончево и многу топло, со повремена локална облачност.
Дневните температури насекаде ќе бидат над 30°C, а локално ќе достигнат и до околу 39°C. Високите температури ќе се задржат и во ноќните часови, предупредува УХМР.




