Повеќе од 5.000 лица се евакуирани во засолништа низ Јужна Кореја во текот на третиот ден од интензивните дождови, кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Според Министерството за безбедност, најмалку четири лица загинаа, а инфраструктурата се соочи со значителни оштетувања.
Во западните и јужните делови на земјата, предупредувањата за обилни дождови продолжуваат да важат, а метеоролошката служба апелираше за екстремна претпазливост поради ризикот од лизгање на земјиштето и поплави. Доколку ситуацијата не се подобри, предупредувањето ќе трае до утре.
Во некои делови на Јужна Кореја, особено во градот Гвангжу, за само 24 часа измерни се рекордни врнежи од над 400 милиметри дожд, објавија локалните власти.
Според Министерството за јавна безбедност, четири лица загинаа, додека едно лице се води како исчезнато.
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, изјави дека е необходимо да се зајакне улогата на државата во спречување и реагирање на природни катастрофи. Тој нагласи дека иако е тешко да се спречат вакви настани, постојат можности за подобро предвидување на штетите и информирпње на јавноста.
„Се чини дека во некои случаеви, жртвите се резултат на неадекватен одговор, дури и кога ситуацијата била доволно предупредувачка,“ рече тој на вонреден состанок, повикувајќи на мобилизација на сите ресурси за справување со актуелната криза.




