Елон Маск ќе ја повлече понудата за OpenAI под еден услов

Елон Маск ќе ја повлече понудата за OpenAI под еден услов

Елон Маск, еден од ко-основачите на OpenAI, понуди 97,4 милијарди долари за преземање на непрофитната организација што стои зад оваа компанија. Неговата намера е да го спречи процесот на трансформација на OpenAI во профитна компанија и да ја зачува нејзината оригинална мисија – развој на вештачка интелигенција во корист на целото човештво.

Маск истакна дека ќе ја повлече својата понуда доколку одборот на openai се согласи да ја напушти сегашната насока на компанијата и да се врати на првичните принципи.Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, ја одби понудата, со што продолжува неизвесноста околу иднината на компанијата.

Во меѓувреме,OpenAI најави нови напредоци во доменот на вештачката интелигенција,а неодамнешниот развој на моделот GPT-4o привлече големо внимание.Со ова, компанијата продолжува да го зацврстува своето водечко место во оваа индустрија, и покрај контроверзиите околу нејзиното управување.