Овој настан претставува историски момент за македонскиот спорт. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, направи значаен чекор кон афирмација на нашата земја на меѓународната спортска сцена. Со голема гордост ја споделуваме информацијата дека Македонија за првпат има свој претставник во Извршниот одбор на Светската федерација на училишен спорт. Ова е важен успех, кој ќе ја зајакне нашата позиција во глобалниот спортски контекст.




