Иран започна нов напад со ракети врз Израел

Израелската војска рано утрово соопшти дека Иран започнал нов напад со ракети врз Израел. Сепак, од информациите произлегува дека израелската воздушна одбрана ефективно реагирала, бидејќи до сега не се забележани директни удари, јавува ДПА.

Кратко по алармот, армијата информираше дека жителите можат безбедно да ги напуштат засолништата за бомби.

Во меѓувреме, израелските воздухопловни сили изведоа неколку напади на „скулабишта на ракети и места за лансирање“ во централен Иран, како што објави израелската армија на својата платформа на Телеграм. Исто така, во текот на ноќта, извршени се напади на ракетни лансери во западен Иран.

Ова е втора недела во која израелските сили на нападите се концентрираат врз цели во Иран, а Техеран одговара со ракетни и дрон напад.

Според проценките на Израел, нападите врз Иран значително го забавиле напредокот кон изработка на нуклеарно оружје од страна на Исламската Република.

„Според нашите внимателни проценки, веќе сме успеале да го одложиме нивниот план за барем две или три години“, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, во интервју за германски таблоид. „Досега постигнавме многу и ќе продолжиме да работиме за да ја елиминираме оваа закана“, додаде истакнатиот функционер.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој се состана со европски дипломати во Женева, нагласи дека Иран не планира да преговара за својата нуклеарна програма сè додека Израел не ги сопре нападите.

Сепак, Саар ја изрази својата претпоставка на јапонскиот медиум НХК дека состојбата во преговорите немала напредок дури и пред започнувањето на израелските напади на 13 јуни. „Лично сметам дека Иран не бара (дипломатско) решение. Тие се обидуваат да ја манипулираат меѓународната заедница“, заклучи Саар.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изрази можност за поддршка за прекин на огнот помеѓу Израел и Иран, во зависност од околностите.

Кога беше прашан за потребата од копнени сили за победа над Иран, Трамп одговори: „Не би разговарал за копнени интервенции, бидејќи последното нешто што некој сака е токму тоа“.

Трамп најави дека во следните недели ќе донесе одлука дали САД ќе се вмешаат во конфликтот помеѓу Израел и Иран. За време на своите изјави, тој се двоумеше помеѓу поддршка на дипломатски решенија и закани за можни воени интервенции.

Според информации, во израелските напади досега загинале 639 лица во Иран, додека Израел забележа 24 цивилни жртви во иранските контраупади.

Нуклеарен објект

Иранскиот нуклеарен објект во Исфахан беше цел на израелските напади, а иранските медиуми информираа дека нема извештаи за истекување на опасни материјали.

Експлозиите во Исфахан се забележани рано утрово.

Иван, израелската армија (ИДФ), изјави дека нападнала место на Хезболах во Накура во јужен Либан за време на ноќта.

„Оваа локација со години била користена од сили на Хезболах за извршување на терористички напади против израелски цивили и претставува очигледно кршење на договорите помеѓу Израел и Либан“, пишува во соопштението на израелската војска.

Ова соопштение дојде само еден ден по предупредувањето на израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, на либанското шиитско движење да „избегне секакво мешање“ во конфликтот со Иран.

Во одделно соопштение, ИДФ потврди дека по нападот, убиен е „терорист“ од Хезболах, а нападот се случил во петокот, близу Барашит на југот на Либан.

Министерството за здравство во Бејрут потврди дека во нападот со дрон е убиено едно лице. (МИА)