Група од 272 стручњаци од 37 различни земји предупредуваат дека развојот на вештачката интелигенција носи сериозни ризици кои, во специфични ситуации, би можеле да имаат катастрофални последици. Во истражувањето, во кое учествувале експерти од областа на технологијата, науката, владините институции и граѓанскиот сектор, идентификувани се пет клучни области на ризик. Меѓу нив се наоѓаат опасните способности на вештачката интелигенција, како и потенцијалната злоупотреба на технологијата за различни цели.




