ЕK ги отфрли барањата на Унгарија и Словачка за итни консултации за одлуката на Украина да го забрани транзитот на нафта

Европската комисија ги отфрли барањата на Унгарија и Словачка за итни консултации за одлуката на Украина да го забрани транзитот на сурова нафта од голем руски снабдувач.

Портпарол на Европската комисија изјави дека анализата на ЕУ не покажува непосреден ризик за снабдувањето на двете земји и дека Европската комисија сега чека подетални информации од Унгарија и Словачка, пренесува Блумберг.

Претходно денеска, извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис ги информираше Унгарија и Словачка дека прелиминарната анализа покажува дека новите санкции на Украина против руската компанија Лукоил не влијаат на транзитните операции што ги вршат трговските компании преку гасоводот Дружба, се додека компанијата формално не е сопственик на нафтата.

Прочитајте и:  Амбасада на САД во БиХ: Усвојте го законот за јужна гасна интерконекција и прекинете ја зависноста од рускиот гас
- Реклама -