Еди Рама: Нема сигурност кога Албанија ќе влезе во ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама на интересен начин одговори на прашањето за тоа кога Албанија ќе стане дел од Европската Унија, нагласувајќи ја неизвесноста на овој сложен процес. Кога новинар го праша: „Кога Албанија ќе се приклучи во Европската Унија?“, Рама кратко одговори: „Постојат три работи кои не можат да се предвидат: Бог, сексот и Европската Унија.“ Неговата изјава привлече внимание и беше сфатена како коментар за нејасните и често непредвидливи процедури што ги следат земјите кандидатки на патот кај полноправното членство во ЕУ. Албанија го доби статусот на земја кандидат во 2014 година, а пристапните преговори со Унијата формално започнаа во 2022 година. И покрај напредокот во евроинтеграцијата, сè уште нема конкретен датум за нејзиното приклучување.