За сите љубители на спортскиот изглед, но со ограничен буџет, се појавува верзијата ХФ лајн, „полесна“ опција која доаѓа во хибридни и електрични варијанти. Таа ги задржува повеќето визуелни карактеристики, но без механичките надградби.
Вистинската ХФ верзија располага со електричен мотор од 280 коњски сили (207 киловати) и вртежен момент од 345 њутнметри, ставајќи ја рамо до рамо со другите спортски електрични модели од групацијата Стелантис, како што се Аbarth 600e и Алфа Ромео Јуниор Велоце.
Со помош на торсен диференцијалот со ограничено пролизгување на предната оска, Ипсилон ХФ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 5,6 секунди. Иако е брз за својата класа, максималната брзина е ограничена на 180 км/ч. Батериите со капацитет од 54 киловат часови, според ВЛТП стандардот, го поддржуваат опсегот од 370 километри помеѓу полнењата.
Шасијата е зајакната, изменета е геометријата на суспензијата, а каросеријата е спуштена за 20 милиметри во однос на стандардниот Ипсилон. Ширината на тркалата е зголемена за 30 милиметри. Сопирачките системи се надградени со четириклипни клешти и дискови од 355 милиметри напред.
Визуелно, Ипсилон ХФ се издвојува со спортскиот каросериски кит и уникатните 18-инчни тркала. Во однос на стандардниот модел, предизвикува впечаток со редизајнираните браници, поголемите отвори за воздух и задниот дифузер, како и познатата ХФ значка со црвен слон.
Во внатрешноста, моделот нуди сина контролна табла, алуминиумски педали, спортски седишта покриени со рециклиран еконил и многу ознаки ХФ. Стандардната опрема вклучува два екрани од 10,25 инчи со специјална графика, безжично полнење, амбиентално осветлување и систем за помош на возачот од второ ниво. Специфична е и „мултинаменската конзола“, која е единствена за Ипсилон.
За оние кои не можат да си го дозволат вистинскиот ХФ или не им е потребна толкава моќност, ХФ лајн нуди слично визуелно искуство по многу пониска цена. Има идентични браници и ХФ ознаки, но недостасуваат проширените браници, новиот модел е опремен со 17-инчни тркала. Сепак, изгледот останува агресивен, но во поуметена форма.
Иако спортскиот изглед е присутен, ХФ лајн немa механички или шасијски надградби. Достапен е со мајлд хибрид, 1,2-литарски трицилиндричен бензинец со 109 коњски сили, или во стандардна електрична верзија. Во бензинската версия, забрзува од 0 до 100 км/ч за 9,3 секунди, што е за 3,4 секунди побавно од ХФ, но има поголема максимална брзина од 190 км/ч.
Ипсилон ХФ ќе стигне во европските сали по летото, додека ХФ лајн веќе е достапен за нарачка. Во Италија, целосно електричниот Ипсилон ХФ почнува од 39.200 евра, што го прави најскапиот Ипсилон во историјата. ХФ лајн со мајлд хибрид започнува од 22.450 евра, што е многу поприфатливо решение.




