„Празничната магија на шините продолжува! Ви соопштуваме дека до 30 декември, секој ден на Железничката станица во Скопје, ќе имате можност да уживате во новогодишни претстави, по чиј завршок новогодишниот воз тргнува на магично патување на релација Скопје – Маџари – Скопје“, истакнуваат од Железници.
Тие додаваат дека за сите кои сакаат единствено да се опуштат во возењето и да уживаат во празничната атмосфера, обезбедиле дополнително возење во 18 часот на истата релација. Сите ги повикуваат да бидат дел од оваа новогодишна бајка и да создадат незаборавни спомени за целото семејство.





