Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Искусниот голман со значителен квалитет доаѓа во Битола и многу брзо ќе му се приклучи на тимот за почетокот на подготовките за новата сезона.
Саид, кој има 34 години, е голема спортска ѕвезда во својата родна земја. Тој пристигнува во Битола од Партизан, каде остави значајна трага и придонесе во освојувањето на титулата првак на Србија изминатата сезона.



