Двократен светски шампион трагично загина во ужасна несреќа

Трагична вест од Франција ја потресе заедницата на екстремните спортови. Пјер Волник (37), еден од најдобрите „wingsuit“ спортисти во светот, загина при скок од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите.

Како што се извештува, неговиот падобран не се отворил за време на летот, што довело до тоа тој да удри во земјата со голема брзина во регионот Бозон. Итните служби веднаш пристигнале на местото на несреќата, но само можеле да потврдат смртта.

Волник беше двократен светски шампион во „wingsuit“, освојувајќи титули во 2022 и 2024 година, а оваа сезона беше во трка за нова светска круна, сметан за главен фаворит. Се оценуваше како еден од најталентираните и најискусните натпреварувачи во овој исклучително опасен спорт.

Сочувство со него изрази и претседателот на Француската федерација за падобранство, Ив-Мари Гијо, кој го опиша како извонреден спортист и професионалец, личност која секогаш зрачела со позитивна енергија.

Прочитајте и:  Руски закон за „заштита“ на граѓаните отвора пат за воени интервенции во Европа

Истрагата за причините на несреќата е в тек, а смртта на Пјер Волник остави длабок белег во заедницата на екстремни спортови ширум светот.