Двесте воени припадници се вклучија во гаснењето пожари низ Македонија.

Според барањата на надлежните институции, денес, околу 200 припадници на Армијата активно се ангажирани во справувањето со пожарите во општините Македонски Брод, Радовиш, Василево, Кратово, Крива Паланка и Штип, информираа од Армијата на Република Македонија.