Во изминатите 24 часа, во неколку градови ширум државата регистрирани се шест случаи на семејно насилство, потврди Министерството за внатрешни работи.
Во Куманово, 23-годишна жена известила дека била физички нападната од својот невенчан сопруг. Во Велес, полицијата уапсила 44-годишен маж, кој според пријавата, ја нападнал својата сопруга во нивниот дом. Во друг инцидент во истиот град, 28-годишен маж се заканувал на своите родители.
Кавадарци, 42-годишна жена поднела пријава поради закани од поранешен партнер преку телефон. Во Скопје, забележани се два одделни случаи – во Карпош, жена била физички нападната од сопругот со тешки предмети, додека во Гази Баба, малолетничка била нападната од двајцата родители во различни денови.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно истражување на овие случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави против сторителите.




