Две лица убиени во пукотници во Волково …

Повредениот малолетник од скопско Волково, е во стабилна состојба, соопшти директорката на КАРИЛ, Марија Срцева Јовановски. И тој е повреден од огнено оружје, во пукањето каде едно лице е убиено, а другото се самоубило веднаш по настанот.

„Се прават иследувања, состојбата е релативно стабилна и пациентот потоа ќе продолжи со лекување веројатно на Клиниката за пластична хирургија“, одговори Марија Срцева Јовановски на новинарското прашање.

Претходно, МВР соопшти детали.