Во нивниот дом се пронајдени пушки, пиштоли и муниција, која по претресот е одземена
Велешката полиција денеска ги приведе М. З. (86) и 41-годишната М. З. откако во нивниот дом во селото Долно Јаболчиште, општина Чашка, откри дека нелегално поседуваат оружје и муниција, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).


„Денеска полициски службеници од домот на двајцата осомничени пронајде и одзеде ловечки пушки ‘Бајкал‘ и ‘Црвена застава‘, карабин ‘Хемерлес‘, два општички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализацина, пиштол ‘Ц3-99‘, 146 куршуми со различен калибар, 21 ловешки патрон, две рамки за пиштол, карабин ‘Црвена застава‘ – расклопен на делови и карабин без ознаки“,
се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека по документирање на настанот, на приведените ќе им биде поднсена соодветна пријава.
Според МВР, претрес е извршен и во домот на Џ. З. (44) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде што се пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ и 20 патрони за пушката.