Случајот е пријавен во полицијата од страна на лекар од општата болница во Куманово, вчера во 11:52 часот.
– Две деца, на возраст од три и четири години, од Кумановско, биле донесени откако се затруиле со течност која се користи во земјоделството. По прегледот, тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од полицијата.
Од општата болница известуваат дека при клиничкиот преглед, децата биле во стабилна општа состојба и виталните параметри им биле нормални.
„Поради ризикот од интоксикација, пациентите со болничко возило и придружба на медицински тим, се транспортираат во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје,“ додаваат од болницата.
Полицијата презема мерки за истражување на случајот.
Минатата година во кумановската болница беа примени неколку деца поради различни случаи на труење со лекови и детергенти.
МИА



