СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ
На 11. јуни 2025 година, околу 16:30 часот, во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата помеѓу улиците „10“, „12“, „Финска“ и „Пролетна офанзива“. Во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Ш.М. (46) од село Средно Коњари, и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П. (29) од село Инџиково.
Во последица на несреќата, Ф.П. претрпел тешки телесни повреди, а неговата сопатничка В.П. (50) исто така се здобила со повреди. Двете лица се примени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им е укажана помош.
Спроведен е увид од страна на екипа од СВР Скопје.