Грчкиот остров Крит денес бил погоден од два последователни земјотреси во временски интервал од само неколку минути, кои се почувствувале во повеќе делови на островот. Според првичните информации, првиот земјотрес бил со интензитет од 4,6 степени, додека вториот достигнал 5,3 степени на Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран на длабочина од 14 километри под морското дно, блиску до островчето Гавдос, јужно од Крит. Грчките медиуми известуваат дека потресите предизвикале загриженост кај локалното население.




