Машкиот тим покажа исклучителни способности во текот на денот, оставувајќи најдлабок впечаток во полуфиналето. Со одлична тактика и борбена посветеност, ја совладаа силната репрезентација на Турција и обезбедија место во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно демонстрираа висок квалитет и храброст, но овој пат се задоволија со сребрен медал, што е еден од најзначајните тимски успеси на македонското универзитетско карате.
Успешен настап имаше и женскиот тим, кој со сигурни и убедливи победи против Австралија и Чиле стигна до полуфиналето. По поразот од силната шпанска репрезентација, македонските каратистки успеаја да го освои бронзениот медал, повторно потврдувајќи дека заземаат место меѓу најдобрите во универзитетското карате.
Со среброто во машка и бронзата во женска категорија, Македонија продолжува да создава нови успеси во својата карате историја на Светската универзијада во Бразилија. На овој шампионат учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 различни држави, што го прави еден од најзначајните универзитетски спортски настани во светот.




