Два брода поврзани со Иран го смениле правецот по преминувањето низ Ормускиот теснец.

Податоците за пловидбата на бродовите покажуваат дека два пловни објекти поврзани со Иран го промениле својот правец по минување низ Ормускиот теснец. Според анализа на Би-Би-Си, овие две пловила, кои минале низ теснецот по воведувањето на американските санкции, подоцна почнале да се враќаат назад.

Танкерот „Rich Starry“, кој е под американски санкции и кој објавил дека превезува товар, испловил од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати, но потоа го смени курсот и се врати. Исто така, податоците укажуваат на тоа дека товарниот брод „Christianna“, кој претходно минал низ теснецот по испловување од иранското пристаниште Бандар Имам Хомеини, исто така, го променил правецот и се враќа назад.

Прочитајте и:  Состанок на министертот Муцунски со раководителката на британската дипломатија, Ивет Купер

Американското Централно командување соопшти дека шест трговски бродови добиле наредба да се свртат, и дека оваа наредба е успешно извршена. Дополнително, танкерот „Elpis“, исто така под американски санкции, минал низ теснецот кон исток, најверојатно од иранското пристаниште Бушер, но во моментов стои источно од теснецот.

Постои можност дел од овие бродови да испраќаат неточни податоци за својата локација, со цел да ги прикријат своето реално движење и активности на море.