Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, ќе мора да се соочи со подолга пауза поради повредата која му се случи викендов, на натпреварот против Каљари.
Влаховиќ се повреди пред две дена во рамките на 13-то коло од Серија А, при што беше заменет во 31-та минута поради повредата. Клубот соопшти дека повредата е сериозна, но не прецизираше колку долго ќе отсуствува напаѓачот.
Според извештаите на „Газета дело Спорт“, повредата се оценува како многу сериозна и Влаховиќ нема да може да тренира или игра најмалку три месеци.
Проценките говорат дека Влаховиќ би можел да пропушти помеѓу 14 и 18 натпревари во сите натпреварувања во кои учествува Јувентус, вклучувајќи ја Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.
Отсуството на Влаховиќ ќе претставува значителен удар, како за самиот играч, така и за Јувентус, кој оваа сезона го има на теренот во 17 натпревари, постигнувајќи шест гола.




