Дури и ако никогаш не сте правеле колач, овој сочен рецепт со портокали ќе ви излезе супер

На љубителите на брзи и лесни колачи можеби ќе им се допадне рецептот за торта од портокал (или мандарина), која е готова во два едноставни чекори и ќе ве воодушеви и со својот вкус и со мирис.

Се што треба да направите е да ги измешате влажните и сувите состојки, сето тоа да го соедините во една компактна смеса и да ја испечете во рерна, а резултатот е мека торта која се топи во устата и одлично се вклопува со вашето попладневно кафе.

Погледнете го рецептот подолу.

Состојки:

2-3 мандарини (или еден голем портокал)
300 гр обично брашно
130 мл масло
прашок за пециво
150 гр шеќер
2 јајца
Половина чаша сок од мандарина или портокал
малку путер

Подготовка:

Сите влажни состојки изматете ги или измешајте ги со миксер, во брашното додајте прашок за печиво и просејте, соединете сè и ставете во калап кој претходно е намачкан со путер.
Истурете ја смесата и ставете тенки линии путер во средината за да се создаде расцеп. Се пече на 180°C околу половина час, кога ќе порумени е готово. Кога ќе се излади посипете со шеќер во прав.

Овој рецепт најдобро оди со чаша домашен ликер од портокал.

Kolač s mandarinom

- Реклама -