ДУИ: Остануваме посветени на одбрана на достоинството на сите граѓани и промовирање на меѓусебна почит

Демократската унија за интеграција најостро го осудува и чинот на палење на албанското знаме, што претставува директен напад врз симболите и достоинството на албанскиот народ. Таквите провокативни и акти исполнети со омраза-се неприфатливи и претставуваат закана за меѓуетничкиот соживот  и стабилност во нашата земја.

Дополнително, ја изразуваме нашата загриженост за пристрасниот и селективен пристап на полицијата, која, според досегашните информации, презела мерки само против граѓаните албанци кои беа вклучени во инцидентите, додека тие што го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој нерамномерен третман не само што го поткопува кредибилитетот на институциите, туку и ја продлабочува недовербата меѓу заедниците.

Ги повикуваме надлежните органи да постапуваат непристрасно и професионално, со ист третман за сите учесници во ваквите инциденти, без оглед на нивната етничка припадност. Законот мора да важи за сите подеднакво, бидејќи само преку праведност и транспарентност можеме да ја зајакнеме довербата и да ја зачуваме стабилноста во нашето општество.

Прочитајте и:  ДУИ: Изјавите на министерката Јаневска за УЧК претставуваат тешка навреда за Албанците

Демократската унија за интеграција останува посветена на одбрана на достоинството на сите граѓани и промовирање на меѓусебна почит, со јасна порака дека ваквите акти на омраза и неправда нема да бидат толерирани.

Демократската унија за интеграција

- Реклама -