ДУИ денеска соопшти дека ја почитува одлуката на американскиот Стејт департмент за воведување санкции против поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.
„Демократската Унија за Интеграција ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, стои во кусото соопштение на ДУИ.