Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до завршувањето на сезоната

На состанокот во вторникот, клубовите сопственици на Евролигата донесоа одлука за преместување на трите клуба од региони зафатени со воени конфликти на побезбедни локации, каде што ќе можат да ги играат натпреварите како домаќини.

Во прашање се клубовите Макаби и Хапоел од Израел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.

Сите три тима ќе играат дома во европските градови до крајот на актуелната сезона, вклучувајќи ги и можните пресметки во плејофот, потврдија од Евролигата.

Причината за оваа одлука е воената ситуација во нивните региони.

Макаби е близу враќање во Белград, во познатата сала „Александар Николиќ“, каде што играше за време на кризата со израелските трупи во Газа. Хапоел пак, најверојатно ќе ги пречека своите ривали во Софија.

Хапоел веќе имаше натпревари во главниот град на Бугарија во периодот кога Макаби беше активен во Белград.

Што се однесува до Дубаи, Сараево е прва опција за домаќинство, но за ова сè уште нема официјално потврда, бидејќи се чека согласност од локалните власти во главниот град на Босна и Херцеговина.

До крајот на сезоната, сите три тима ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.

Фото/ depositphotos