Дуа Липа се здоби со државјанство од претседателката на Косово

Дуа Липа доби државјанство на Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи ја пречека познатата поп-ѕвезда Дуа Липа во Приштина, каде што ѝ додели државјанство на Република Косово преку претседателски указ. Во објава на својот Фејсбук профил, Османи истакна дека ова е „посебна чест“ за земјата, нагласувајќи ја важноста на Липа како културна и уметничка фигура во историјата на Косово.

„Добредојде дома, Дуа. Ти си еден од најмоќните гласови на светската сцена, пишувајќи историја со твоите успеси и постанувајќи инспирација за многумина“, напиша Османи.

Претседателката го пофали придонесот на Липа за промоција на Косово на глобалната сцена, охрабрувајќи ја младата генерација и поддржувајќи ја уметноста во регионот.

„Косово секогаш ќе се гордее со тебе“, заврши Османи.

Дуа Липа е британска поп-пејачка и глумица со албанско потекло, родена во Лондон, и е лауреат на 7 „Брит“ награди и три „Греми“ награди за својата музика.