Стручната комисија треба да утврди дали имало лекарска грешка при лекувањето на детето
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе побара од министерот за здравство Арбен Таравари да се формира стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете од Свети Николе што минатата недела почина на Клиниката за детски болести во Скопје, изјави директорот на Инспекторатот, Кирил Лазов.


Стручната комисија треба да утврди дали имало лекарска грешка при лекувањето на детето.
Во саботата од ДСЗИ информираа дека не се утврдени недостатоци при вонредниот инспекциски надзор во врска со лекувањето на деветгодишното дете. Цел на надзорот беа матичниот лекар на детето, Клиничката болница Штип и Клиниката за детски болести во Скопје.