Контроврзите околу повредата на Мбапе и неговиот неправилен третман продолжуваат да предизвикуваат возбудување, а наскоро во Реал се појави нова афера.
Според информациите објавени од француската „РМЦ“, лекарите на мадридскиот клуб направиле преглед на погрешното колено на Мбапе, што довело до тоа играчот да не започне со соодветна терапија веднаш.
Додека напаѓачот ги отфрла овие тврдења, „Лекип“ објави дека слична грешка се случила и со Едуардо Камавинга.
Тој, играч од средниот ред, имал преглед и магнетна резонанца на зглобот на глуждот на погрешната нога. Ова се случило по натпреварот во Билбао на 3 декември.
Nekолку дена подоцна, тој се најде на клупата против Селта, но, откако се открија грешките, Камавинга мораше да отсуствува две недели.
ќе остане да видиме како Реал ќе одговори на овие обвинувања…
Фото/ Depositphotos




