Доволно храбри за да возите по овој мост?

Ако сакате лудо возење, не ви треба бесен автомобил или екстремен забавен парк. Ви треба само луд мост. Жителите на јапонските градови Мацуе и Сакаминато имаат баш таков мост.

1.6 километарскиот Ешима Охаши ги поврзува двата брега на езерото Накауми, а со тоа и двата гореспоменати градови. На прв поглед, мостот личи на масивен бетонски ролеркостер, а без сомнение, за минувачите со почувствителен стомак ќе има и сличен таков ефект.

ad_167440181[1]

На најстрмната точка, мостот има косина од 6.1%, што е прилично многу, доволно за да морате да ја кренете рачната кочница ако налетате на сообраќаен метеж.

ad_167440233[1]

Ако претпоставувате дека ваквиот мост може да е дело само на некоја група Јапонци што претерале со сакето, се лажете. Мостот е конкретно дизајниран така за да можат под него да поминуваат бродови.

Img395348554[1]

- Реклама -