Ракометниот клуб Охрид објави дека започнува онлајн продажба на влезници за полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп, каде што ќе се сретне со словенечката екипа Цеље. Цената на влезниците варира во зависност од местото во Спортскиот центар „Билјанини извори“ и се движи од 200 до 300 денари.
Реванш дуелот е закажан за 2. мај (сабота) во Охрид со почеток во 19 часот, додека првиот натпревар ќе се одржи на 25. април на теренот на противникот.
Влезниците за натпреварот во Охрид се достапни преку онлајн платформа.
Од управата на ГРК Охрид, заедно со стручниот штаб и ракометарите, се надеваат дека публиката ќе биде осмиот играч на екипата во реваншот во Охрид.




