Дончиќ втор играч во НБА со просек од 40 поени во серија од девет победи

Звездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, блескаше во вчерашниот натпревар, освојувајќи 33 поени во тесната победа од 105:104 над Орландо Меџик.

Оваа победа е веќе деветта заредум за Лејкерс во редовниот дел од НБА лигата за сезоната 2025/26.

Во овој период, Дончиќ е во неверојатна форма, со просек од 40 поени по натпревар, во дополнение на 8,4 скока и 7,4 асистенции.

Словенечкиот кошаркар, кој има 27 години, стана вториот играч во историјата на НБА кој успеа да постигне просек од 40 поени во серија од девет победи за својот тим. Пред него, ова достигнување го имал само Вилт Чемберлен.

Прочитајте и:  Самсунг објави дека ќе ја збогатат колекцијата на Лувр во уметничката продавница „Art Store“ на Самсунг.