Дончиќ го сруши Инстаграм …

Еден од најдобрите светски кошаркари,новиот член на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ предизвика хаос на социјалните мрежи. Неговата објава за неколку часа доби повеќе од милион реакции!

Последната објава на Лука Дончиќ на социјалните мрежи предизвика невидено внимание. Шокантниот трејд на НБА суперѕвездите Лука Дончиќ и Ентони Дејвис, во ЛА Лејкерс односно Далас, и понатаму е главна тема во спортската јавност.

Светот остана во неверување кога Далас реши да го испрати својот најдобар играч во Лос Анџелес Лејкерс во замена за искусниот центар Ентони Дејвис.

Словенечкиот ас веруваше дека целата своја кариера ќе ја помине во Далас, но на почетокот од годинава доживеа невиден шок – клубот му „забоде нож во грб“.

Раководството на Далас тајно се додека не го заврши трејдот воопшто не го информилало Дончиќ за својата намера . Лука бил информиран кога се билозавршено.

Поради тоа словенечкиот кошаркар сега е максимално мотивиран да им докаже дека ја направиле најголемата грешка во историјата.

Во вторникот тој официјално беше претставен во својот нов клуб, облечен во дресот на Лејкерси со број 77, Лука е подготвен за освета.

По промоцијата тој на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го држи новиот дрес и брзо собра повеќе од милион лајкови.

Голем број на коментари имаше и од познати спортисти, а особено се издвои пораката што му ја испрати асот на Реал Мадрид Винисиус .

-Реал Мадрид и Лејкерс… Воопшто не е лошо“, напиша играчот на кралскиот клуб под фотката на Лука.